Балеарските Острови или Балеари е автономен архипелаг на Шпанија кој се наоѓа на западниот дел од Средоземно Море. Најголемиот од островите на архипелагот е прекрасниот Мајорка кој е особено популарен за европските туристи. Мајорка е совршена летна дестинација со жешки сончеви денови, топли ноќи и малку дожд. A кога веќе ќе пристигнете таму, можете да уживате пловејќи со ферибот од еден до друг Балеарски остров и од неколку други места на шпанското приморје. Островот Мајорка има фантастична понуда на песочни плажи и проѕирна тиркизна вода која го обиколува островот што е причина за привлекување на милиони туристи секоја година. Благодарение на многуте вили кои се изградени во близина на крајбрежјето, може да се разбудите протегајќи се на терасата и гледајќи го одблесокот на сончевите зраци во морето. Оние луѓе кои сакаат да го поминат поголемиот дел од одморот на плажа, нема да згрешат ако го одберат Мајорка. Планинските делови на островот, им нудат на авантуристите шанса да се вклучат во возбудливи спортски активности како што се искачување по планини, јавање коњи и планински велосипедизам. А за љубителите на голф, Тука се наоѓа светскиот познатото голф летувалиште  Алкудија. Мајорка е дом на многу убави катедрали со богата историја и фантастична архитектура, музеи и повеќе паркови и ботанички градини. Мајорка навистина нуди од сѐ по нешто за сите возрасти и вкусови, што е изненадувачки во однос на неговата мала големина, но со својот карактер и шарм, важи за една од најатрактивните дестинации во светот, кои навистина вредат да се посетат во животот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПубертет | Години за паметење
Следна објаваTaken 2 | 2 дел за паметење
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР