Ако го препознавте на фотографиите Мiddle Earth, погледнете подобро. Овие домови кои потсетуваат на оние на Хобитите во “Господарот на прстените”, тоа се куќите во Диетикон, Швајцарија кои се дело на архитектот Питер Веч и дел од неговиот проект Earth Houses. Овој архитектонски стил го карактеризира тоа што природниот терен на земјата се употребува како ѕид во домот, што всушност чини куќата парцијано да се наоѓа во земјата. Наликуваат на скривници и се во буквална смисла дел од земјата, овие домови нудат живот со извонредно опкружување и чувство како да сте дел од природата.

Оваа еко населба во Швајцарија сега за сега брои девет домови. Иако на прв поглед  делуваат како мали колиби, куќите се всушност пространи и во некои од нив бројот на соби стигнува и до седум. Во склоп на ова маало има подземен паркинг, затворена градина за одгледување на различна вегетација, а во центарот на истото има и вештачко езеро. Стилот во ентериерот на куќите варира од една до друга куќа, но сепак она што ги поврзува сите е средовековниот дух, кој се протега сесема природно низ секоја од куќите во населбата. Необичната архитектурата на куќите и совршениот баланс од средновековен со модерен дизајн и енергетски ефикасното живеење,  ги прави овие куќи особено привлечни за посетителите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПроста математика | Сложен видео запис
Следна објаваКреативни штипки
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР