“Еден човек”
Има еден има еден
Многу многу многу човек  – Белки цело човештво е!
Чунки живо божество е! Има еден има човек
Од човека почовек е:
Прецедена човештина!
Препечена убавина! Топлината на душата
Ти ја дава да се згрееш;
Бистрината на главата
Ти ја дава да успееш… Тој со зборови те гледа,
Тој со очите ти збори –
Малкузборник — многусторник
Те облекува во грижи. Го сретнеш ли, ти среќата
За цел живот ќе ја имаш,
Го видиш ли — видовит си,
Го снема ли — тешко тебе!

Има таков многучовек,
Твоето е да го бараш.

Академик Гане Тодоровски, посветено на Тоше
СПОДЕЛИ
Претходна објаваMontBlanc 2012 | Пабло Пикасо
Следна објаваУсни инспирирани од суперхерои
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР