Филмот „ Drive“ минатата година ги воодушеви публиката и критичарите, па затоа се најавува ново возење низ големите платна. Главен лик во приказната е возач, кој работи како механичар и каскадер. Тој влегува во една опасна авантура, при обидот да и помогне на својата соседка. Режисерот Николас Виндинг Рефн истакнува дека  следниот филм нема да биде директно продолжување на оваа приказна. – Овде не станува збор за „ Возење 2“ , бидејќи приказната е готова. Но, реакцијата на публиката во однос на главниот лик беше таква што во наредниот проект ќе мораме да го вметнеме неговиот лик. Сеуште немаме сценарио, но неизбежно е дека повторно ќе го гледате Рајан Гослинг зад воланот“.

Младиот актер од Канада не само што ги воодушеви критичарите со оваа улога, туку уште со романтичната драма „Notebook“ тој стана секс икона за многу жени низ светот.  Со видеово ве потсетуваме на „Првиот дел“, а воедно доколку го немате гледано еве ви предлог што да правите вечерва.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Од старите свеќи до нови
Следна објаваПроизведено на Земјата
Афирмацијата на уметничките вредности обелоденети преку седмата уметност е нејзин печат врз креативната страна на животот. Во чекор со последните ажурирања од својата област, внимателно ја унапредува уметноста. Суптилното комуницирање преку музиката и користењето на мултимедијалниот приказ на уметноста ја прават непоправлив оптимист и трагач кон суперлативот од светски убавини.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР