Да се убие птицата која се потсмева – Харпер Ли

Ние никогаш не би можеле да разбереме некого, додека не ги разгледаме работите од негова гледна точка… додека не влеземе во негова кожа и не се прошетаме во неа“ – со иста тежина како и при објавувањето во 1960, со карактеристичен јужно-амерички акцент на авторката Харпер Ли. Со длабока опсервација на расисмот и останатите стереотипи, овој американски класик се концентрира на следново: Скаут Финч живее со нејзиниот брат Џем и нивниот вдовец татко, Атикус, за време на Големата депресија во сончевата Алабама. Без оглед на економскиот хаос кој ги тресе Соединетите држави, Атикус е истакнат правник и живеат сосема достоинствено компаративно со остатокот од општеството. Едно лето, Џем се спријателува со Дил, момче со привремен престој во нивното соседство за време на летото и тие тројца, заедно со Скаут, формираат неверојатно трио кое се фасцинира на страшната куќа на истата улица, позната како Radley Place, каде нејзиниот сопственик не изглегува од неа со години.

Кога триото наоѓа подароци наменети за нив во Radley Place, почнува да се потсмева на нејзниот истоимен сосптвеник; при што, наидуваат на остро противење на нивниот татко, кој решава да стави крај на нивните детски ѓаволштини. Со став дека никогаш не треба да се водиме од предрасудите, тој вели дека „луѓето генерално го гледаат она што сакаат да го видат и го слушаат она што сакале да го чујат“, се додека братот на г-дин Ридли, Нејтан Ридли не се обиде да пука во нив. Во меѓувреме, Атикус се согласува да брани еден човек со црна боја на кожата, со име Том Робинсон, кој е обвинет за силување на бела жена. Поради оваа одлука и периодот во кој живеат, каде црнците се поистоветени со животни, децата Финч се изложени на психолошка тортура од нивните другарчиња. Класичниот статус на моралот и способноста да сочувствуваме како читатели, покрај расизмот, книгата ги третира и другите човечки зла: угнетувањето, неправдата, очајот. Додека судењето трае, Робинсон е пренесен во локалниот затвор и доживува линч од револтираните сограѓани – Атикус се соочува со нив, каде Скаут и Џем му се придружуваат. Под подменатато обвинение, Том е ослободен од вината, но не и од пресудата: при неговиот обид за бегство, тој е убиен. На фаталниот крај од приказната, Џем е апсолутно разочаран во правниот систем, при што тој се препушта на очај и сомнеж. „Едноставно, затоа што бевме закочени пред 100 години, не значи дека не треба да се обидуваме да победиме“ и покрај тоа што околината, системот или животот константно се обидуваат да направат будала од човека…

Стилот на авторката лесно ни дозволува да пристапиме на депресивниот американски период, но сепак се концентрира на нараторска изработка и лекција за живот: „Мокинџеј птиците не прават ништо, освен што прават да уживаме во музката која ја создаваат… тие пеат од сре за нас. Затоа е грев да се убие птицата која се потсмева!„ … преку искуствата стекнати со предрасуди, омраза и првична претстава, никогаш нема да успееме во креирањето вера во човечката добрина. Мулти-персонална и длабока, успева да не научи дека независно колку време ќе ни одземе созревањето, секогаш треба да се водиме според сочувството, вербата и рационалноста.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Прстени од копчиња
Следна објаваSilent Hill Revelation 3D
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР