Да претпоставиме дека дури и да не сме свесни за тоа, во домот секој еден од нас поседува значителна резерва на копчиња – која може да се искористи за далеку поартистичка намена отколку стандардното зашивање или додавање копче онаму каде што е потребно. Како идеја, Ви презентираме сосема неконвенционален креативен начин да направите уникатни прстени од залихите на Вашата баба.

Еве како:

  1.  Материјалите кои Ви се потребни, всушност, сепак може да ги најдете дома – различни форми на копчиња (оние со поголема величина и интересен дизајн сепак предизвикуваат посилен ефект), прстени го прилагодлива големина (доколку немате некои стари дома, ги има за продажба по продавниците за мониста итн.), супер лепак и клешти.
  2. Со клештите отстранете го непотребниот дел од позадината на копчето (доколку го има).
  3. Ставете супер-лепак на задниот дел од копчето и прицврстете го прстенот.
  4. Оставете да се исуши (трпението е клучен фактор доколку целите кон навистина маркантен ефект на Вашите дланки). Навистина интересен DIY проект, кој ја буди креативноста и прави да се чувствувате како вистинска уметничка душа!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали ја забележуваме убавината?
Следна објаваДа се убие птицата која се потсмева – Харпер Ли
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР