Бојата е резултат на интеракцијата на светлосниот спектар со светлосните рецептори во окото. Категориите на боите и физичките спецификации на бојата исто така се поврзани со предметите, материјалите, изворите на светлина и така натаму, пред се од аспект на нивните физички својства како што се абсорпцијата (впивање), рефлексијата (одбивање) или емитувањето (зрачење) на светлината. Најчесто, само делови од целиот состав на светлината кои се видливи за луѓето (брановата должина на спектарот од 380 nm до 740 nm, приближно речено) се сметаат за боја, според тоа непристарсно ја поврзуваме психолошката појава за боја со физичката спецификација. Па каква боја е огледалото?

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР