Наградуваниот полски уметник и дизајнер Remigiusz Laskowski е човекот зад истоимениот дизајн-бренд, каде секој од неговите изработени парчиња се уникатни и магични решенија кои стојат на работ меѓу уметноста и практиката. Преку спектар на масички, полици, огледала, закачалки, часовници и светилки – фин обложен челик во палета на длабоки тонови чинат неверојатен визуелен стил. Зборувајќи за примарниот извор на инспирација, Laskowski се пронаоѓа во природата, каде деликатните цветни мотиви се надополнети со пеперутки, птици или мачки се водечки уметнички мотив. Забавен и опуштен ентериер е финалниот ефект, каде бездруго се постигнува ескапизам од реалноста и позитивен живописен став кој може да се сретне единствено во домот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBias of Thouths | Оптичка илузија
Следна објаваНикол Кидман ќе ја игра Грејс Кели
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР