Судејќи по нејзините преку 30 романи, раскази, мемоари и ко-авторски романи заедно со нејзината ќерка Керол, Мери Хиџинс Кларк е кралица на неизвесноиста: една од најполуларните разкажувачи на светот, од аспект на продажбата од 80 милиони копии на нејзините книги. Нејзиниот последен зафат, „Две девојчиња во сино“ е застрашувачка и своевремена приказна која го истражува феноменот на телепатија меѓу близнаците во контекст на едно брутално киднапирање. Ова е приказна која е кошмар за секој родител: киднапирање на чедото, спакувано во проткајана мистерија и драма.

Приказната започнува во моментот кога двете сестрички близначки, Кели и Кети се киднапирани од својот дом и се задржани за откуп. Нивните родители не се богати, и прашање е зошто би биле таргетирани? Додека тие се излезени на вечера, близначките и покрај тоа што ги чува бејбиситерка, ги снемува од дома… условот е следен: осум милиони долари за девојчињата да останат живи и здрави. За целото тоа време, нивната мајка Миранда нежно ги милува двете сини фустанчиња кои ги носеа на нивниот трети роденден, денот кога двете исчезнаа. Договорот успева да дојде до точка на реализација, иако нивниот татко Стив е свежо вработен, времето е критична категорија. По плаќање на откупната сума, Кели ја пронаоѓаат со телото на киднаперот, до кој стои самоубиствена белешка…

Кети… по случајност, сосема непланирано… е мртва… а нејзиното безживотно тело, мало тело… е во океанот…

… апсолутен морален пад, потфрлување на родителите како родители; скршени и уништени, ја враќаат Кели безбедно дома. Откако таа се чувствува сигурно, таа инсистира на фактот дека сестра и е сеуште жива и дека проколнува да се врати дома. Кели тоа го дознава по пат на телепатски канал, својствен само за близнаците…  Поминуваат месеци, доказите губат на своја вредност а фрустрираноста расте. Само Кели е убедена дека Кети е сеуште жива и дека преживувањето не се однесува само на еден дел од целото… монтираната тензија и трката да се најде девојчето живо доминира над очајот на киднаперите.

Од сам старт на книгата, гледните точки на карактерите се умешно претставени со доза реалност и доза сочувство. Во своето пишување, Кларк се справува со особена чувствителност, болка и страдање на родителите, ја илустрира силната врска меѓу близнаците, ја презентира фрустрацијата на инспекторите и ја осудува зделката на киднаперите: неверојатно ги пренасочува емоциите на своите ликови директно кон читателот, преку кратки поглавја и малку изненадувања кои не одат во прилог на имагинацијата. Кларк е толку успешна во способноста да ги смести висцералните стравови скриени длабко во психата на секој родител, аномалијата да се биде беспомошен лице во лице со грозното признание за да се заштити сопственото дете, од една страна, и да се послуша истото врз основа на психичката врска меѓу сестрите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTrussardi | Аристократска кучешка елеганција
Следна објаваРаце кои помагаат
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР