Сцените од филмовите за агентот 007 по правило се тешки и одговорни, а публиката сега има можност да погледне зад објективот и да го види создавањето на истите. Снимката од филмот „Skyfall“ која е објавена, најавува дека Даниел Крег ќе се соочи со многу опасни сцени, за кои што е потребна голема професионалност.

„Кога снимате под вода, многу е потешко да го доловите интензитетот на опасност и возбуда и публиката моментот да го прифати како таков“, изјавил Мајк Валентајн, директор на фотографија во филмот „ Skyfall“. Тој исто така истакнал  дека базенот кој што можете да го видите на ова видео, за време на снимањето се претворил во втор дом за Даниел Крег. Воедно за да се добие автентичноста на Атласнкиот океан, потребни биле многу вода и мраз, па ваквите сцени станале секојдневие за екипата на Бонд.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖивот низ клавишите
Следна објаваПариз vs Њујорк | Една бајка, два града
Афирмацијата на уметничките вредности обелоденети преку седмата уметност е нејзин печат врз креативната страна на животот. Во чекор со последните ажурирања од својата област, внимателно ја унапредува уметноста. Суптилното комуницирање преку музиката и користењето на мултимедијалниот приказ на уметноста ја прават непоправлив оптимист и трагач кон суперлативот од светски убавини.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР