Сосема шарматен краток анимиран филм, со наслов „In-between“ кој доживува превод како – во средината, измеѓу, помеѓу итн; но, постои во својство да измами насмевка кај гледачите. Се работи за млада Французинка која, секогаш во обид да направи нешто ново, да ги прошири своите хоризонти или да запознае нови луѓе; секој обид се манифестира во облик на спречување од немирен син крокодил кој таа и само таа може да го види. Прекрасно оформено парче мотивација кое на крајот од времетраењето, непредвидливо ќе Ве натера да размислите во поглед на Вашите стравови, Вашите сомнежи или опструкции во животот. Како и обичната Французинка, поуката е дека сами си ги водиме сопствените битки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТрендовски фризури за есен/зима 2012/2013
Следна објаваBurberry | Regent Street колекција
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР