Најверојатно најзлобната критика која Сузан Колинс може да ја добие е леснотија при читањето: многу повеќе од живот кој виси на конец, многу повеќе од реална љубовна приказна и многу помалку од надеж за човечност во иднината. Најдобра критика која ја опишува Колинс како автор е интензитетот на напнатоста – се што таа намерила да почувствувате, Вие чувствувате двојно. Сочувство, страв, закани, акција, предавство, гест… спакувани во пакет кој Ве прави зависни од приказната. Можеби повеќе од предходниот дел, содржан во 74ти по ред, „Игрите на гладните“.

Кетнис Евердин и Пита Меларк победуваат на овогодинешните Игри на гладните, но кај нив изостанува чувството на триумф. Останува само притаената лична сатисфакција дека успеале да го срушат системот на Капитол и гневот кој води кон одмазда, која Капитол умешно ја припрема. „Да беше до мене, ќе ги заборавев Игрите како лош сон. Но, победничката турнеја го прави тоа апсолутно неизводливо – приморана сум да прославам како една од ѕвездите на шоуто, од реон до реон, пред насобраната топла без образ да погледнам во лицата на оние семејства чии деца ги убив…“ вели Кетнис, како недоволно поразена од фактот што го разочара Пита и изневери Гејл. Забрзан адреналин и очекуваниот инстинкт за преживување, пропратени со нијанси на романса. Знаете дека е тешко да се мрази Кетнис како центар на љубовниот триаголник. Знаете дека е тешко да се избере Пита или Гејл, знаете дека Кетнис е поинаква. Не особено специјална, туку достојна за восхит – девојка која истапува од познатата дефинциија за женско, девојка на која другите припаднички на женскиот род ќе и позавидат на храброста и истрајноста. Уморна по својата историска победа, таа насетува дека нејзиниот живот драстично се менува откако се враќа дома. Покрај тоа што Гејл држи ледена дистанца, навестувања за бунт се наслушнуваат во неколку области: инспирирани од нејзиното пркосење на власта, граѓаните се поистоветуваат со бестрашност и го користат симболот на Мокинџеј, истиот оној кој психички ја избави Кетнис од Игрите. „Птицата, брошот, песната, боровинките, часовникот, крекерот, фустанот кој се запали и се претвори во птица. Јас сум мокингџеј. Птицата мокингџеј која преживеа и покрај сите планови на Капитол. Онаа која најде начин да живее и покрај тоа што беше осудена на изумирање. Симболот на револуцијата: пресврт и неочекуван хаос ја носи Кетнис очи в очи со евентуално предавство на секој чекор – Капитол се наоѓа притиснат да им покаже на „гладните“ дека сеуште ги држи конците во играта! Појава на нов машки лик, угнетувачка власт, таен бунт проследен со страв и место на надеж во кое може да се засолнат, познато под името Реон 13… Значително помрачно од својот предходник, „Раѓањето на огнот“ трепери со ист жар и себично Ве принудува да посакате уште и уште!

Неопходен квалитет на пишување и возбудлив тек кој ја оправдува залуденоста по оваа сторија која трогателно се вселува во сечие срце. Според Сакам Книги, издавачката куќа на која и’ го должиме преводот на оваа фасцинантна трилогија, „Раѓањето на огнот“ важи за „сторија за човечката злоба, монструозност и затруен ум. Истовремено, приказна за човечката храброст, способноста да најде волја за живот и кога сите надежи се мртви – големината на човечкото срце кое чука со сета сила на љубовта“. Крајот не само што ќе Ве остави во неизвесност, туку ќе Ве помести од местото во кое удобно сте се сместиле… и ќе направи да преколнувате за третиот дел, насловен како „Мокинџеј“.

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 работи кои ќе посакате да ги знаевте пред 10 години
Следна објаваКнигата која не може да чека
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР