Да се има брат… значи дека една силна прегратка ќе ги уништи проблемите во инстант. Чувството на сигурност е неизбежно безразлика колку години има тој.

Да се има брат… значи и покрај тоа колку е детинест или незрел, секогаш ќе биде тука за Вас и ќе Ви даде приоритет.

Да се има брат… значи секогаш да се има некого да се посочи како виновник кога нешто во домот е расипано.

Да се има брат… значи да се добие дополнителна храброст за она што навидум ни се чини тешко. Возење велосипед без помошни тркала, прво влегување во кола или скијање на вода – кога се има брат, се ова претставува мачкина кашлица!

Да се има брат… значи да се биде соучесник во неможноста да ја погледнете теглата крем во очи поради синоќешната злоупотреба во името на Вашата неконтролирана желба за слатко.

Да се има брат… значи да се биде 100% дека момчето од минатиот состанок кое Ви ги уништило нервите ќе си го добие своето. За што инаку Вашиот брат служи?

Да се има брат… значи да се има надеж дека ниедно пиво, ниеден покер или SP игра ќе биде реализирано во самотија. Покрај тоа, излишно е да кажеме дека долж активностите зборови и не се така потребни.

Да се има брат… значи да се научи стратегија од мали нозе – ако денес бидеме умни и послушни, нашите родители за возврат ќе не носат во луна парк или ќе ни дозволат да излеземе подоцна од вообичаеното.

Да се има брат… значи во секој момент да се има конкуренција за јадење. На секој оброк да му се додаде натпреварувачки елемент и здодевниот ручек кој содржи боранија да се претвори во предизвик со опасни последици!

Да се има брат… значи одговорност да се одржи зборот, во името на нераскинливата врска. Доколку Ви ветил дека ќе Ве одведе на педикир или пак фудбал, верувајте дека ќе го одржи зборот – истото се однесува и на ветувањето дека нема да дозволи некој да Ве повреди.

Да се има брат… значи да се има разбирање и во моментите кога истото не е укажано од родителите или пријателите. На пример, кога никој не Ве разбира дека само Вие од одделението не може да го прескокнете јарецот, Вашиот брат е тука за да Ве охрабри и да Ви пружи самодоверба. Во секој момент!

Да се има брат… значи да се има ветување од Бога дека никогаш нема да останете сами на овој свет…

*Погледнете и: Да се има сестра…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМиленичиња на плажа
Следна објаваБескрајна мисија | Ана Костовска
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР