kniga1Нега на културата, љубов кон чајот, вредност на традицијата, јачина на семејството и акцент на религиската рамка се една целина која го дефинира Иран во рамките на оваа приказна. Со предвид на времето додека е истата таа приказна сместена во кризен период, за време на војна – сиот емоционален хаос е во суштина, хаос на фронтот. Сите знаеме дека Иран има свои проблеми – не може целата претстава да се базира врз примерот на едно семејство. Но, засегнатото семејство во оваа вистинска приказна дефинитивно го презентира Иран во апсолутно негативно светло…

Полугласно, предрасудите и расизмот ја ограничуваат длабочината на овој роман: додека сочувството кон авторката гласно говори преку страниците, читателот се наоѓа себеси растргнат помеѓу двојната претстава за добро и злото. Фрустрацијата која во ниеден случај не можела да се претпостави додека главната хероина ја крунисува својата љубов со брак, доживува радост да се има сопствено чедо, да се живее мирен и пристоен живот во Соединетите држави и да не се обзира на потеклото на нејзиниот сакан; да заврши трагично. Сопругот да побара од своето нуклеарно семејство да го посети неговиот роден Иран. И, по волја на судбината, да им нареди да останат таму. Целосна трансформација од прекрасен и грижлив сопатник низ животот до ужасен и страшен измачувач кој не им дозволува на сопругата и ќерката да се вратат назад дома… фасцинација од родителската волја и мајчината непокорност на ситуацијата и покрај сите пречки, осудувања и камчиња на патот, да не си дозволи да потклекне поради љубовта кон своето чедо. Понижувања за сметка на припадноста, побелување на косата и комплетно разочарување во човечкиот вид се додека се наоѓа на туѓа територија, незаштитена и потиштена поради фактот што е жена, поради фактот што е Американка. Со сопруг од пеколот и ќерка која по секоја цена МОРА да биде заштитена, Бети решава да се врати во САД…

Доминација на машкиот род согласно живот врз закоравени правила и догми – но, кога овој идеал ќе стави врз основа предизвик, распрснувањето на милион парчиња во лицето на оние кои највеќе ја вреднувале станува најголем парадокс во животот. Оттргнување и бегство кон нормалата, преку една верска битка и победа на човечноста со една цел: чувство на сигурност кое ќе Ви дозволи мирно да спиете ноќе. Надминувањето на искушенијата уште повеќе ќе Ве доближи до восхитот кон Бети и ќе Ве направи горда што сте жена, односно горд што Вашата избрана живее со Вас во спокој.

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 Фустани што секоја жена мора да ги има!
Следна објаваФото на денот | Мајчинска прегратка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ