На прв поглед – Николас Спаркс

559_35_56_14__4__6_20129786082210278,,Колку далеку можеш да избегаш од сопственото минато?”

Џереми Марш еднаш се заколна дека нема да направи три работи: да го напушти Њујорк, да го подари своето срце откако преживеа еден пропаднат брак, и најмногу од сè, да не стане татко. Сега Џереми живее во едно гратче наречено Бун Крик, Северна Каролина, оженет е со Лекси, жената која ја сака, и го очекуваат раѓањето на нивната ќерка. Неговиот животот изгледаше средено – сè додека не се појави една вознемирувачка и мистериозна порака од минатото. Раните кои мислеше дека се залечени, повторно се отворија, и Џереми сфати дека неговиот поранешен живот е поблиску отколку што мисли.

Токму кога мислиш дека не може да биде полошо, може. И баш кога ќе помислиш дека не може да биде подобро, повторно може…“ – токму кога Џереми ќе се опушти во благодетите на сопственото постоење, и покрај негодувањата на неговиот пријател Пол дека животната пресвртница го затекна премногу брзо и непланирано; стигнува е-маил со вознемирувачка порака… „како си сигурен дека детето што Лекси го чека е твое?!, алудирајќи на неговата стерилност. Вака се повлекува синџирот на вознемирувачки настани кои ќе го променат текот на бракот, а воопшто и на животот на оваа двојка. „Секој пар има свои подеми и падови, секоја врска претрпува расправи, но тоа ја прави нивната суштина – врските не може да функционираат без доверба“ тврди Спаркс – колку и дали навистина ги познаваме оние што ги сакаме? Како да се справиме со неизбежните сомнежи и стравови во конотација на заедничкиот живот како пречки кои задолжително ни се поставени на патот? Продолжување на вербата од првиот дел, овој роман ја доловува формата на скршеното срце, напнатотста и романтиката, како и сите изненадувања кои следуваат во една врска. „Дали довербата треба да се заработи или тоа е едноставно прашање на верба?“, кое води кон, сепак оправдување на љубовта – Џереми и Лекси го надминуваат тестот на злото, за да ја се јават извесни компликации во бременоста на Лекси. Компликации, бидејќи нив ги има во множина…

Неверојатна приказна за љубовта помеѓу маж и жена, паралелно со љубовта помеѓу родител и дете, повторно препишана на сметка на Спаркс. „На прв поглед“ се сведува околу драматичните завршетоци кои носат нови почетоци… страшни трагедии кои водат кон неочекувани радости… а најмногу од се, ја доловуваат магијата на вечната љубов. Доволно длабоко за да Ве натера уште денес да ја побарате!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКолекција наречена по старото име на Струга | Ирина Тошева
Следна објаваФото на денот | Куќа среде езеро
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ