001Извонреден деби-роман: гласна и богата замисла за антички Рим преку маестрална сага сместена во историска фикција, со целосно формирани карактери и внимателно истражен амбиент… приказна врамена во интриги, политика и романтика, кои го прават читањето императив ова лето. Од време на време, премногу крвава, но паралелно апсолутно прекрасна сторија.

Застрашувачко потсетување на добата на власт препуштена на императорот Домицијан, приказната ги следи макотрпните животни линии на Теа, девојка во улога на роб која е првично доведена како играчка-придружничка на разгалената наследничка Лепида Полиа. Додека Теа е ставена на маки од страна на царот, таа појатајно се вљубува во Ариус Варваринот, последниот гладијатор во арената на Рим. Кога возвраќањето на љубовта ја повлекува среќата за Теа, Лепида е тука да ги раздели. Теа продолжува да работи, но овој пат како пејачка низ благородничките кругови, на крајот завршува како љубовница на императорот. Напоредно со тоа, иако Лепида се мажи во благородничко семејство и се ситуира финансиски подобро од сопственото наследство, маките за Теа не завршуваат тука: од една страна, таа е растргната помеѓу обидот за спас на разумот на Императорот и потиснување на неговата темна страна, додека од друга страна, таа е брутално оцрнета за нејзината афера со гладијаторот, пред очите на Домицијан, Лепида ја зборува вистината… многубројни обиди да се одземе животот на владетелот – од одмаздољубивиот гладијатор, од идниот сенатор, од измачениот војник, од весталска девица; за на крајот, истиот тој живот, брилијантен и параноичен, да биде во рацете на една жена. Римската љубовница! „Дали некогаш сте, мислам дали некогаш навистина сте … навистина сте љубеле некого? Да сакате некого како вода во пустината, дури и кога Ви се познати сите негови маани, секоја една од нив – и тоа да не Ви е важно?

Кога судбината на љубовта и слободата лежат во сопственост на безмислосниот владетел, сојузи ќе се формираат, крв ќе се пролее. Политички трилер од кој извира страст и романса се срцевина на оваа книжевна фикција, една од најдобрите поврзани со Рим. Читателите завршуваат желни за продолжение, што Квин автоматски им излегува во пресрет – остава широка отворена врата за втор дел на Љубовницата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтан од 36 метри квадратни
Следна објаваФото на денот | Петок навечер
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ