Море, коктели и простор исполнет со книги – ништо друго не Ви е потребно за да бидете среќни. Library Hotel Spa, на островот Koh Samui во Тајланд е луксузно одмаралиште за оние кои не спакувале книги во своите куфери, а тргнале на уживање под сонцето. Агли од кои ечи убавиот збор и убавиот дизајн, импресивен минимализам кој фрла божествен поглед кон плажата – совршен пример за рајско катче на Земјата. Со атмосфера која вдахнува мир и спокојство, со скулптури кои ја надополнуваат визијата, проследени со мирисот на солената водена површина. Инспиративен предлог – нурнете се во уживање!

1

2

3

4

5

6

7

8

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБела книга за љубовта | Братислав Ташковски
Следна објаваCasa Maserati | Shopping Center and Lounge Bar
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ