Последниот чекор при шминкањето на очите е нанесувањето на маскарата. Таа става печат на целиот изглед со едноставно нагласување на очите. Но, каква маскара да одберете?

Постојат различни видови на маскари со кои се постигнуваат различни ефекти. Ви претставуваме шест вида на маскари според типот на четката:

1.Четка – чешел

Името го има добиено поради лесниот потег исто како кај чешлањето. Најчесто четките се тенки и одлично ги дефинираат трепките кои се раздвојуваат, а коренот им се задебелува. На тој начин тие изгледаат многу поголеми. Маскарата со четка – чешел е одлична за оние со мали и кратки трепки.

2. Свиена четка

Овие четки ги свиваат трепките. Свиокот од четката треба да е нагоре, а трепките да налегнат на него. Сепак ефектот подобро ќе се постигне ако дополнително ги свиткате трепките со виткач. Маскарата со свиена четка е одлична за оние кои сакаат подраматичен изглед.

3. Крупна густа четка

Четка која им дава волумен на трепките. Колку е поголема четката, толку повеќе трепките се подигнати и свиени. Доколку ја нанесете 2 пати, трепките повеќе ќе се збијат и ќе изгледаат погусти. Маскарата со крупна четка е за оние со големи очи и густи трепки.

4. Четка со стеснување

Оваа четка е слична со крупната четка со тоа што таа кон врвот се стеснува. Таа ја дава истата густина но со врвот може да издоите одреден дел кој сакате да го дефинирате. Маскарата со ваква четка е добра и за долги и за кратки трепки, а особено за дефинирање на трепките кон внатрешниот дел на окото.

5. Четка за долните трепки

Ако сакате да ги обликувате трепките во стилот на Твиги, оваа четка е за Вас. Секако дека може да ја употребите и за горните трепки, но поради нејзината големина ќе Ви биде потребно повеќе време. Одлична четка за прецизно дефинирање на долните трепки без нивно слепување или допир со кожата.

6. Сферна четка

Четка наменета за оние со густи трепки која поради големината овозможува прецизно нанесување на маскарата на секој дел од трепките.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР