За себе вели дека е осаменик, трагач кој се трга настрана од пренатрупаноста сo дневни информации. Нема телевизор, а лаптопот го користи исклучиво за е-маил пораки и музички програми. Главна цел и е да ги обедини луѓето во мислата дека во животот постои нешто многу повеќе од материјалното. Свесна е дека нејзините ставови се помалку хипи и тешко остварливи, но никогаш нема намера да се откаже од нив. Првиот контакт со музиката го имала кога научила да свири на пијано, имитирајќи го минималистичкиот пристап на Michael Nyman во филмот од 90-тите ,,The Piano”. Оттогаш сака да создава музика која ја допира во душата, бидејќи само на тој начин смета дека ќе влијае на нејзините слушатели. Ја инспирира музиката на Bjork, Еnya, а особено делата на Lisa Gerrard, музика која предизвикува состојба на транс.


Биографија

Loreen (Lorine Zineb Noka Talhaoui) е шведска изведувачка и музички продуцент, со мароканско потекло, родена на 16 октомври 1983-та година во Västerås. Почетоците на музичката кариера и првата популарност ја стекнува натпреварувајќи се во шведското телевизиско шоу за таленти ,,Idol 2004”, на кое завршува како четвртопласирана.

Во 2005 година, Loreen го издава првиот сингл ,, The Snake” заедно со Rob ‘n’ Raz. Подоцна, истата година станува тв-презентерка на TV400, а по повлекувањето продолжува да работи зад камерите на шведските телевизиски шоуа ,,Matakuten” и ,,Familjen annorlunda”. Потпишува договор со новата продукциска куќа ,,Mohito Music” (косопственост на Warner Music Sweden), формирана од познатиот шведски пејач Måns Zelmerlöw.

Кон крајот на 2010-та година, Loreen најавува дека ќе земе учество на фестивалот ,,Melodifestivalen 2011’’, изборот за шведски претставник на Изборот за песна на Евровизија 2011. Настапува со нејзината композиција ,,My Heart Is Refusing Me”  во втората селекција, но ваквиот обид резултира со неуспех, и Loreen не успева да се пласира во финалето на фестивалот. Синглот се искачи на деветото место на шведската топ листа на синглови.

2012-та се покажа како поуспешна за Loreen, во нејзиниот втор обид да стане претставник на својата земја на Евровизија. Настапува со електронскиот денс-хит ,,Euphoria’’ на ,,Melodifestivalen 2012’’ и успева да победи. Песната зад која се потпишаа прославените автори Thomas Gustafsson и Peter Boström освои 268 поени на националното финале, 114 поени од интернационалното жири, а 32,7% од гласовите дојдоа од телефонското гласање, со што беше апсолутен победник, и од жирито и од телевоутингот.

По двомесечните подготовки, во кои се стекна со статус ,,фаворит за победа’’, Loreen со ,,Euphoria’’ настапи во рамки на второто полуфинале на Евровизија 2012, кое се одржа во Crystal Hall, Баку, Азербејџан на 24 мај. Обезбеди пласман во големото финале на 26 мај, во кое одново ја изведе песната 17-та по ред и убедливо победи на 57-то издание на Изборот за песна на Евровизија, собирајќи 372 гласa од 42-те земји кои учествуваа во бодувањето. Зад себе ги остави второпласираните претставнички од Русија Buranovskiye Babushki и српскиот претставник Zeljko Joksimovic, кој заврши како трет. Со триумфот на овогодинешната Евровизија, Loreen и овозможи на Шведска да биде организатор на фестивалот идната година.

Во меѓувреме, ,,Euphoria” доспеа на првата позиција на топ-листите во Шведска, Норвешка и Финска, а со продажбата го надмина платинестиот статус. Долгоочекуваниот деби-албум на Loreen насловен ,,Rapture’’ е предвидено да се појави на пазарот во текот на есента, а во план е тоа да се случи во месец Септември.


Фотогалерија


Музички видеа

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСмрт на еден песимизам
Следна објаваМали цртани ликови како голема слика
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ