Смрт на еден песимизам

ballon-girl-sun-Favim.com-191575

Може ли некој да го покрие сјајот на сонцето, а претходно на својата дланка да ја прецрта вечната борба на доброто и злото, без да погледне кон своите највисоки идеали. Времепловот низ годините не враќа во сопственото минато согледувајќи ги нашите дела кои не обеличуваат и возвишуваат. А,човек како мене кој сам се воодушевува сам на себе пропаѓа во сопствената бездна. Барајќи го невозможното не го достигнав ни возможното. Се занесов во минливото, а го прокоцкав животот.

Некогаш бев човек со свои амбиции и цел во животот, а сега безуспешно седам на дрвениот стол, овде меѓу бездушниците и лудите…овде во душевниот дом. Се испреплетува замисленото и вистинитото. Што ќе ти се пет минути агонија во споредба со цел живот? Кога човекот ќе го освои златниот клуч со кој ќе ја отвори пората на моќ и престиж, се трансформира во неподносливо суштество кое постојано губи…а, кога ќе го допре дното во бескрајното море нешто ќе се промени…

Месечината го осветлува моето изморено лице. Изморено од секојдевната борба со сопственото минато.Свеќата не ја палам да ја сокријам во мене и да ја огорчам со своите проблеми, туку ја палам да го осветлам просторот, да го осветлам своето лице и да го обелам животот. Восокот од свеќата се топи и невино паѓа на стариот лист хартија. А, јас како жена која предвреме ја изгубила својата невиност и достоинственост болката ја сокривам во себе. Нурнувам во себе и на површината излива болката, несреќата. Пишувам и раскажувам со наведнато лице, со срам и без сјај во очите. Човек во кој има вкоренето во себе песимизам не знае да се израдува на животот. А срцето кое е скршено безуспешно ја бара својата половина. Вакумирана во ќесето смоки, го барам излезот од сопствениот лавиринт наречен живот. Солзите кои горчливо течат од моите очи се сјај на месечината. Јас! Не, тоа не сум ЈАС! Непријателот на мојата душа го изгради ова проклето, несовршено,болно и смртоносно ЈАС, кое се испреплета со сите лаги и вистини, слатки вистини и проклетства и ме доведе до овде, до совршенството наречено душевен дом на сопственото јас. Затоа, човеку не очајувај и сврти се кон сонцето и сите сенки ќе паднат зад тебе, а бледата плашливост на твоето лице ќе стане пепел на која ќе го врежиш својот потпис и ќе го изградиш сопственото јас!

Автор | Нада Костадинова

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОд љубов до бинго
Следна објаваLoreen | Eуфорично своја
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ