Нема ништо подрагоцено од мечтата на едно дете. Ентузијазмот со кој го исполнува желбата да го добие она што посакува, не се мери ни со најголемото богатство. Но, дали е за секого и остварлива? ,,Чевел” (,,Shoе’’) e деби-филмот на Qian Shi, кој е куса, но длабоко емотивна сторија за животот во сиромаштија. Спакувана е во четириминутен анимиран филм, а ќе ве одведе во Лондон на почетокот од 20-тиот век. Приказна за еден татко и неговото девојче, за копнежот наспроти неможноста да се оствари. Инспирирана е од вистинит настан, а сведочи за бескрајната љубов на родителот, кој е подготвен на сѐ за да му подари насмевка на своето дете. Погледнете го видеото кое ќе ви побуди бура од емоции.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБакнеж
Следна објаваОд љубов до бинго
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ