Со бројка од 4.500 наслови, од опсег почнувајќи од литература преку историја, уметност и политика, па се до спорт – унгарецот Јожеф Тари е најпознатиот книгопоклоник и колекционер единствен од својот вид, имено со светска колекција од минијатурни книги чиј пречник достигнува едвај неколку милиметри.

Иако по професија печатач, г-дин Тари своето хоби го негува и почитува лоцирано на десетици полици со илјадници наслови. Оваа мала опсесија е карактеристика родена уште во училиштето за печатење, каде започнува со колектирање уште од 1972, за во следните 40 години да почне да ги печати и сам, бидејќи, како што тој изјавува за Daily Telegraph, светот познава повеќе колекционери од ист карактер, но со значително помала бројка на собрани наслови. Интересно во неговата колекција е самиот факт што текстот во неговите книги е читлив со голо око – дури и напишан во величина од 2.75 мм должина и 1.75 мм ширина. Особен печат на неговите лично создадени книги се илустрациите на неговата ќерка Естер Тари, која е познат унгарски уметник.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLit C-1 | Грациозен мопед – автомобил
Следна објаваЛондон во дождовни вирчиња
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР