,,И сѐ беше во ред” (,,And Everything Was Alright”) е емотивен и инспиративен кус филм од Robert Kilman и Safwat Saleem, создаден врз основа на книгата со ист наслов. Деветминутното видео го портретира внатрешниот свет на ,,мечето” кое сонува за подобро утро. Животот не му е нималку лесен, а реалноста секојдневно го жигосува, да минува крај другите со наведнат поглед, да биде исмевано, понижувано, игнорирано. Велат: кога срцето ти е скршено, не постои нешто кое можеш да го направиш. Но, грешат! Ова е видео за сите оние кои храбро газат на тлото, кои не се помируваат со тоа околностите да им се испречат на патот кон целта, кои се борци. Погледнете го.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваJaс сум Ти
Следна објаваСи беше еднаш…
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ