Последното решение на подводен комплекс доаѓа од Дубаи. Хотелот „Water Discus Hotel“ се состои од два диска од кои едниот е 10 метри под водата, а другиот е во висина од 6 метри над водата. Овој комплекс е опкужен со живописен корален гребен така што гостите во подводниот диск може да уживаат во гледтката од импресивната флора и фауна.
Уживањето е надополнето од специјален светлосен систем како и подводни возила со кои може да ги набљудувате и најмалите детали од подводниот свет со помош на макро фотографија. Во луксузниот престој се вклучени – елегантен ресторан, спа и рекреациски центар, базени и егзотична градина.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР