Ликот на Евгениј Онегин, со сета своја развратност и рамнодушност, на правилен начин материјализиран и пренесен во дуалистички третман на своите емоции… стартно, ужасно иритантен и полн со себе; за со самиот развој на дејството да се развие во вистински човек – ранлив и чувствителен. Ова е неговата приказна.

Читајќи го Пушкин, секој читател на свој начин ја доживува релацијата фикција-реалност: уметноста е таа која често го имитира животот, а самите корисници на истиот често завземаат форма на уметност. Споредувајќи ги сестрите, Татјана е таа чие потонување во романтичните новели се смета за неприфатливо, додека Олга важи за срцевина на безусловната љубов на Ленски, редок интелект и најдобар пријател на Онегин. Апсолутно спротивни, а истовремено најдобри пријатели, обата машки лика претставуваат манифестација на двотомниот карактер на самиот автор – поетски дар, искреност и восхит кон смислата за убавото наспроти циничен егоизам и потценување на човековите емоции. Амбициозен и незамисливо дрзок, непромислениот акт на покана за танц кон Олга, љубената на Ленски завршува со покана за двобој и сршено срце на Тања. Во обид да ја одбрани чест на својата љубена, тој го губи животот, а Олга се мажи за тотален странец. Тања незавидно продолжува со своето илузионирање, иако емоциите е се наполно оштетени. Евгениј, исполнет со преиспитување и каење, заминува од селото… Случајната средба по неколку години како врв на пресвртот во ова дело како одговор на писмото од кое тече емоционална страст, не и дозволува на Тања да доживее емотивен пад и да му покаже на единствениот човек кој некогаш го сакала, дека работите не изгубиле на својот сјај долж годините. Додека Онегин моли за парче љубов во името на минатото, Тања ужива во новиот статус на сопруга на кнезот и не попушта…

Од самиот старт на книгата, преку неговите постапки, се до крајот кога Татјана му го наплатува стариот љубовен долг – се чувствува доза на омраза кон самиот самобендисан мажјак, дали поради тоа што сите периодично сме биле во кожата на Тањa во својот живот, дали поради самиот факт што сме имале по еден Онегин во животот… или обратно!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеочекуван бакнеж
Следна објава100 години Алфа Ромео
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР