Еден ден, едно момче кое продаваше ситници од врата до врата со чија заработка успеваше да си го плати патот до училиште, се почувствува впечатливо гладен, но беше свесен дека има само нешто ситно во џебот поради незавидната продажба дента. Следната врата на која чукна, се осуди да побара нешто за јадење согласно сумата која ја имаше – кога вратата се отвори, прекрасна млада жена стоеше пред него и го заслепи со својата појава.

Изненаден и избезумен, наместо малку храна тој побара само чаша вода. Бидејќи на прв поглед младата жена го забележа неговиот глад, без да праша му донесе шолја млеко. Полека ја испи и праша колку е должен… „Не ми должиш ништо“, одговори таа – „мајка ми ме научи дека никогаш не треба да прифатам пари за сторена добрина“. „Тогаш, јас Ви благодарам од се срце. Имајте убав ден“, возврати момчето.

Кога Хауард Кели замина од таа куќа, не само што се почувствува посилен физички, туку доби наплив на волја и засилена верба во Бога што што беше подготвен да даде се од себе за да успее во животот.

Години подоцна, истата таа млада жена се разболе и се најде себеси во критична ситуација. Лекарите од локалната болница, видно збунети, ја испратија во главниот град на прегледи, консултации и испитувања поради реткоста на нејзината болест. Д-р. Кели беше специјалист за ретки болести: кога го слушна градот од каде што таа доаѓа, очите му се исполнија со светлина и сеќавања; веднаш се упати кон нејзината соба, облечен во бела униформа и докторска титула при што таа во истиот момент го препозна. Даде се од себе, посвети особено внимание на нејзиниот случај за нејзиниот живот да не биде ставен во прашање.

По долга борба, битката беше добиена. Исписницата која тој ја пишуваше за неа, содржеше и сметка за престојот и операцијата. Кога пликото стигна до г-ѓата, таа со страв и бавност го отвараше плашејќи се дека нејзиното здравствено осигурување не ќе може да ги покрие трошоците. Конечно го отвори и забележа мала картичка на која стоеше: „платено во целост со една шолја млеко“.

Д-р. Хауард Кели

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтара легенда за тројца мажи
Следна објава1000 шолји – една животна приказна
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ