Данското телевизиско шоу ,,Dumt & Farligt”, ја третира глупоста, опасноста, и нескротливата жед на човекот за уништување на монотоната хармонија. Во процесот на создавање на ваквиот видео-проект, тимот користи различни техники и инструменти, за деструкција на објекти и предмети од секојдневието и домаќинството. Креаторите на овој необичен подвиг се обидуваат да го побудат во човекот чувството на ослободување, но и да го прикажат хаосот низ призма на естетиката. Со забавена снимка и со опис на секој акт на уништување, шестминутното видео ќе го задржи вашето внимание со својата лудост и визуелната убавина. Погледнете го, но придржувајте до препораката: не преземajте некој од овие подвизи дома или во било која друга околина!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГрафити револуција
Следна објаваМолитва | Антоан де Сент-Егзипери
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ