Mother of New York студио е создателот на овој забавен музички спот со наслов „Книгата ги обединува луѓето“, по нарачка на детската литературна невладина организација, Читањето е фундаментално (RIF, Reading is Fundamental). Бројките кои значително ја надминуваат границата на дарежливоста се најосновен показател кој ја унапредува потребата на децата од читање.

Книгата е соединение на приказни, која во срцевината на оваа кампања се обидува да достави книги во рацете на оние деца, на кои им се потребни овие магични страници… ја помните посетата на Нарнија, играта на Џуманџи или моралните пораки на Дизни? Неверојатниот ефект на книгите врз животот на децата, но само во состојба кога им се достапни – повеќе од 300 деца кои живеат во недоволно развиени заедници во САД го заслужуваат ова исто како било кое друго дете на планетата Земја. Обединувањето на некои од омилените детски книжевни ликови во овој мини-филм допринесува истите да го добијат она што го заслужуваат. Сништа и имагинација како гарант на безгрижно детство.
Доколку ја делите оваа визија, придружете им се на www.bookpeopleunite.org.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Голем портокал над Големото јаболко
Следна објаваМорковот, јајцето и зрнцата кафе
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР