Денес ви претставуваме велосипед со навистина ексклузивен дизајн, создаден од страна на добро познатиот бренд Ауди. Велосипедот на Ауди е “е – велосипед“ или велосипед кој користи електричен мотор како погон, изгледа многу футуристички, а на прв поглед не потсетува ниту на класичен велосипед, ниту на мопед. Овој велосипед го опишуваат како совршен за забава, трикови и спорт. Тој е велосипед на утрешницата и иднината; сите негови компоненти, вклучувајќи ги и педалите се создадени од страна на “господарите“ на дизајнот на Ауди. Неговата светликава рамка направена од јаглеродни влакна која тежи само 1,6 кг и неговите тркала направени од CFRP (Carbon Fiber Reinforced Plastic) кои тежат само 600 гр, го прават еден од најлесните е – велосипеди, со вкупна тежина од само 21 кг.

Понатаму, тој е и совршен спортски велосипед заради вградениот компјутер кој се наоѓа на врвот од рамката и е во функција со помош на екран осетлив на допир. Меѓу многуте функции, ќе ја спомнеме и онаа со чија помош може да снима трик секвенци, а исто така компјутерот на овој велосипед може да се поврзе со некои од “паметните телефони“, такашто велосипедистот ќе може истовремено да ги користи сите апликации и од својот телефон. Кој не би посакал ваков велосипед?

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР