majstorot_i_margarita_1 (1)Зошто ѓаволот би престојувал во работна посета на современиот град и каков бизнис планира да спроведе во негови рамки? Она што делува како нереална премиса беше повеќе од доволно за славниот и прогонуван писател под власта на Сталин, да не го доживее објавувањето на своето најголемо дело, во чија тема лежи теророт на Сталин, тајната полиција, затворскиот систем, странците во Русија, атеизмот и религијата, како и срцето на песот.

Никогаш не разговарајте со непознати…

Во првата глава на книгата, Булгаков го води ѓаволот во човечка форма – Берлиоз, како уредник на списание, во улога на транспарентен граѓанин; чија реална позадина е искоренување на верувањата дека постои Бог и дека проблематиката која ја создава атеизмот всушност, го води човека до сопствено утврдување на сопствената судбина. Од старт, не може да се претпостави дека Воланд (името кое Булгаков му го дава на ѓаволот) ќе изврши бескруполозно зло, додека тој е функција да докаже дека луѓето се немоќни да ја предвидат или контролираат иднината… се тоа, во рамките на Сталиновиот режим. И неговиот третман на актуелните и потенцијални политички непријатели. Но, говорејќи за сумарната структура на романот судејќи по добро или по зло, Воланд, односно Мајсторот, истовремено делува и во својство на доброто, додека се обидува да ги обедини останатите централни фугури, додека тој е јавно осуден поради љубовната врска со неговата, иако мажена, Маргарита. Морална двосмисленот тежи во средиштето на романот – „Зошто служи доброто ако злото не постои, и што би била Земјата доколку не би постоеле сенките?“; каде Воланд, и покрај неговата сличност со Сталин, сепак размислува во правилна насока… со извесни маневри кои ќе допринесат за нова перцепција на вистината, убавината, уметноста. Нова перцепција која практично ќе ги потресе веќе познатите идеолошки, политички, религиозни догми во насока на спознавање на сопствената вистина и сопствениот избор.

Во извесна смисла, тоа е наративните линии кои Булгаков ги следи преку своите Мајстор и Маргарита – крајот е поделен во дејствие во светот на натриродното, додека прологот сепак се позиционира во материјалиот свет. И крајот, и целиот тек на романот укажува на тоа дека единствено во уметноста може да се пронајде целосната вистинитост… заедно со сопствениот капацитет да се оствари замисленото. Резултатите предизвикуваат терор, смеа, тага и императивно прашање: каков е погледот од поинаков агол?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако би изгледале куќите на познатите филмски режисери?
Следна објаваЕнтериер во летни бои
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ