По 21 година брак, мојата сопруга навали да излезам на состанок со друга жена и да ја однесам на кино.

Ми рече: „Те сакам, но знам дека оваа жена неизмерно те љуби и верувам дека би сакала да помине некое време со тебе“.

Се изненадив до крајност, но знаев дека таа не би ми рекла такво нешто без причина. Другата жена која мојата сопруга ја предложи беше мајка ми – мирна вдовица веќе 19 години, која го трпеше бремето на мојата комплицирана работа и грижата за моите три деца, сопругата и домот, поради што бев способен да ја посетувам само одвреме навреме. Таа ноќ се јавив да ја поканам на вечера и кино.

Што не е во ред, сине мој? Дали си добро?“ – во сомнеж ме праша. Мајка ми е таков тип на личност која верува дека повик доцна во ноќта секогаш означува лоша вест. „Мислев дека би било убаво јас и ти да излеземе малку, да поминам малку време со тебе“, и реков. „Само ние двајца“… Почувствував дека се колеба за момент, но, не дозволи да чекам и со нежен глас ми одговори: „Би сакала, многу“.

Истата недела, петокот после работа, додека возев до нејзината куќа за да ја земам, бев прилично нервозен. Кога пристигнав, забележав извесна нервоза и кај неа додека ме чекаше на вратата, облечена во капут и чевли кои ги чуваше за специјални излегувања. Ја имаше средено својата коса во прекрасен кок, и го носеше истиот фустан кој ја обележа последната годишнина од бракот со татко ми. Ме погледна така милно, што мислев дека се соочив со поглед од ангел.

 „Им кажав на моите пријател дека излегувам во мојот син, сите беа импресионирани“ – ми рече, додека влегуваше во автомобилот. „Не можат да дочекаат да им раскажувам како си поминавме“. Отидовме во еден ресторан, ниту премногу елегантен, ниту премногу опуштен. Атмосферата беше пријатна, а амбиентот беше зачинет со фина инструменталка во живо. Мајка ми ја водев под рака како да е Прва дама. Кога седнавме, обајцата зедовме по едно мени пред себе. Мајка ми успеваше да ги прочита само големите букви, при што забележав дека постојано гледа во мене и чека и да јас да ја погледнам за да ми каже нешто. Ноншалантно и шармантно, со носталгична насмевка ми рече: „Кога беше мал, јас тебе ти го читав менито и заедно избиравме што ќе јадеме.“ Се насмевнав и возвратив: „Тогаш е време да се релаксираш и да ми дозволиш да ти ја возвратам услугата“.

За време на вечерата, имавме мошне согласен разговор – ништо исклучително, само се фокусиравме на тековните настани во нашите животи, среќата да се биде родител и да се ужива со сопствените деца и слично. Толку многу се задлабочивме во разговорот што го испуштивме терминот за филм. Само што пристигнавме пред нејзината куќа, таа ми рече: „Повторно ќе излеземе сине, само ако ми дозволиш нареден пат јас да те поканам“…Се согласив и и посакав добра ноќ.

Како си помина на вечера, душо?“ – ме праша жена ми штом си дојдов дома. „Многу убаво, драга. Многу поубаво од што можев да претпоставам“ и реков. – „Ти благодарам душо, лека ноќ“. Неколку дена подоцна, мајка ми почина од срцев удар. Тоа се случи толку ненадејно што јас не успеав да направам ништо за неа. Некое време подоцна, добив еден плик со покана за вечера до која стоеше и платена сметка, во истиот ресторан каде што бевме со мајка ми неодамна. Во белешката пишуваше:

Сине мој, јас ја платив оваа сметка однапред, бидејќи не бев сигурна дали ќе успеам да дојдам на оваа вечера со тебе. Но, сепак – платив за двајца, па би те замолила да одиш таму со твојата сопруга, во моја чест. Никогаш нема да знаеш што значеше нашата последна средба за мене. Те сакам сине. Збогум“.

Во тој момент, ја разбрав важноста на терминот „Те сакам“

Употребата на овие зборови во кругот на нашите најблиски е само доказ за местото кое го завземаат во нашите животи. Ништо во животот не е поважно од семејството – пружете им го времето кое го заслужуваат, затоа што некогаш и за тоа може да е доцна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОколиска болница
Следна објаваСекој момент е универзум
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР