Надежта се полага или како што некои сакаат да кажат „се гаи“ во илузии кои сами ги измислуваме, кои не постојат , но секогаш нудат нешто подобро од тоа што го имаме денес. Апсурдно е дека овие илузии никогаш не се остваруваат, но без нив не можеме. Луѓето се свесни за реалната (не)остварливост на своите илузии кога сакаат да ги погледнат трезвено, но потребата за верба во подобро утре е основен и суштински двигател на човекот, она што не спречува да се самоубиеме. Вербата во „подобро утре“ дава мир и спокојство, дава желба за борба и колку и да звучи смешно или апсурдно секој човек ја поседува.

Дел од овие работи ќе ги препознаете во новата претстава на Кумановскиот театар наречена “Околиска Болница” во режија на Јане Спасиќ, по текст на Христо Бојчев. Претстава која ќе ве натера да се запрашате и замислите за надежта и сопствените илузии, ако не, доволно е и тоа што ќе ве насмее до солзи.

Актерската екипа е составена од Димитрија Доксевски, Горан Илиќ, Ивица Димитријевиќ, Антонио Димитриевски, Ненад Митевски, Стефанија Зисовска, Кети Дончевска- Илиќ, Јасмина Василева и Мартин Лазаревски. Сценографијата е на Мери Батакоја, костимографијата на Ирина Тошева, a композитор на музиката е Дарија Андовска.

Премиерата е закажана за 5ти мај (сабота), во 20 часот во Театар Куманово. Divian Arts двајцата најбрзи читатели кои ќе ни го остават своето име и презиме во коментар ќе ги награди со 2 билети за премиерата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАпел за помош на Томица!
Следна објаваПоследната вечера
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ