12 годишниот Томица боледува од акутна леукемија и секое одолговлекување на операцијата која треба да се изведе во Германија може сериозно да му наштети. Тој е под постојан лекарски надзор во специјалната болница “Филип Втори” во Скопје и неговата здравствена состојба е тешка. Постојано му се менува крвта за да го одржат во живот.

Семејството апелира и до граѓаните кои можат да даруваат крв од крвна група 0+ или 0-, тоа да го направат во Заводот за трансфузиологија.

Томица е ученик во 6 одделение во основното училиште “Крсте Мисирков” во Куманово и до пред еден месец, безгрижно уживал во детството со неговите врсници. Сега се бори со тешка и подмолна болест.

Да му помогнеме сите да ја добие најтешката битка во животот!

Може да донирате на броевите:
070 143 444 (T-Mobile)
077 143 413 (VIP)

или на

Жиро сметка: 200002036283259
Стојковиќ Даниела
Стопанска Банка АД Скопје

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФилм: Дивјаци
Следна објаваОколиска болница
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР