123Нов репрезент на сцената посветена на секогаш популарна *чик* литература, за која читателките ширум светот од различни возрасти ќе се сложат дека не е подеднакво добра како Софи Кинсела, но дека е нејзина достоинствена замена. Симпатичната новела со уште посимпатичен наслов на авторката Бернадет Страхен ги следи линиите на животот на една младa романсиерка, за која е апсолутен феномен флексибилната можност да се оствари се што таа ќе напише! Духовита и исполнета со забава, оваа книга ќе Ве натера да се заљубите во Сани Перкинсон, главната хероина на овој роман.

Можеби Сани е мастер по креаирање страствени романси кои исклучително добро котираат меѓу читателите, но нејзиниот сопствен живот трпи недостаток од љубов, страст и разбирање. Цимерка со своите пријателки – едната која е воркохолик и воедно девица, а другата мрзелива и врзана пред телевизорот, кои сите три заедно пречекуваат ирска калуѓерка во нивната резервна соба. Нејзината најблиска пријателка штотуку доживеа распад на бракот, а на Сани останува да се справи со овие неочекувани и банални животни проблеми на нејзиниот круг на пријатели. Но, една совршена вечер таа се среќава со грофот Фабио Карели, кој по сите изгледи, како да излегол од нејзиниот последен роман… романтични вечери со свеќи, луксузни спа излети и викенди во Париз се далеку од нејзиното бившо момче. Разбирливо воодушевена, но сепак одбива да поверува дека тоа е во суштина, среќен крај за неа. „Премногу добро да биде вистинито“, вели Сани. Ова е нетипично дури и за вечен сонувач како авторите на неповторливи романси… и, во суштина, Фабио е премногу добар за да биде вистинит. Но, тој е тука, искрено и неотуѓиво вљубен во г-ца Сани Перкинсон! Изборот мора да биде направен…

Можеби предвидливо, можеби лесно: наративната одлика на овој роман не ветува многу, но засигурно ќе успее да Ви измами насмевка во облик на женски сарказам, женска параноја и женска надеж за вистинска љубов. Нема да успеете да останете имуни на шармантноста на овој роман. Сосема својствено на чик лит, овој избор нема да направи да зажалите – само да се чувствувате дека всушност, не сте единствената девојка на светот која се чувствува како сонувач, верувач, оптимист; практично… како девојка.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбав и урбан стан
Следна објаваНов електричен автомобил од Белгија | "Е-автомобил 333"
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ