Во екот на тековниот Саем на книгата, каде водечка тема на разговор и круцијална тема на интерес како помеѓу пасионираните читатели, така помеѓу оние кои си го дозволиле луксузот да одвојат време за читање, ние Ви излегуваме во пресрет со неколку императиви поради кои би требало повеќе да се заангажирате околу читањето: во прилог, следуваат 20 познати мисли на познати автори, кои ќе Ве натераат да ја посетите хала 2 на Скопски Саем.
Не чекајте, читајте!

Добрите книги не ги издаваат сите нивни тајни оддеднаш
– Стивен Кинг

Книгите се најтивки и најконстантни пријатели – најдостапни и најмудри советници, но и најтрпеливи учители
– Чарлс Вилијам Елиот

Книгите се како огледала – ако будала погледне во нив, не може да очекувате одраз на гениј
– Џ.К. Роулинг

Размислете пред да проговорите. Прочитајте пред да размислувате
– Френ Лебовиц

Освен храна, засолниште и придружба, приказните се тоа што ни е најнеопходно на светот
– Филип Пулман

„Соба без книги е како тело без душа
– Цицерон

Добри пријатели, добри книги и поспана совест: тоа е идеален живот
– Марк Твен

Отсекогаш си замислував дека рајот ќе биде нешто слично на библиотека
– Хорхе Луис Борхес

Сметам дека телевизијата е многу едукативна. Секогаш кога некој ќе го вклучи телевизорот, јас одам во друга соба за да читам
– Гручо Маркс

Ако не успевате да уживате во една иста книга одново и одново, тогаш не постои потреба да читате воопшто
– Оскар Валјд

Класика – книга со која сите се фалат и книга која никој не ја прочитал
– Марк Твен

Доколку го читате она што сите други го читаат, може само да размислувате на начинот на кој сите размислуваат
– Харуки Мураками

Не постои пријател лојален колку книга
– Ернест Хемингвеј

„Каде, освен во книжарница, е слаба човековата природа?“
– Хенри Вард Бечер

Постојат два мотива да се прочита книга: првиот, да уживате во неа; вториот, да се пофалите со неа
– Бертранд Расел

Ако имате градина и библиотека, имате се што Ви треба
– Цицерон

Литературата е луксуз; фантастиката е неопходност
– Г.К. Честертон

Книгите се огледала на душата
– Вирџинија Вулф

Без зборови, без пишување и без книги не би постоела историја – би се изгубил целиот концепт на човештвото
– Херман Хесе

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУсни со бојата на страста
Следна објаваПромотивен перформанс | Парада на марионетките
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР