Модерен дизајн кој го носи името Ранса, производ на студиото Younes, кој во суштина е отелотворување на уникатната идеја за колектирање интересни четива блиску до локацијата за читање – во форма на софа и библиотека, 2 во 1 мебел производ. За оние кои не уживаат во секојдневното движење од софата до библиотеката, само поради менување на книгата која сте ја завршиле, ова студио Ви излегува во пресрет со специјален подарок, во неутрални тонови и совршен бенефит за штедење време. Ова прекрасно парче мебел е модерен продукт кој одговара да се лоцира или во Вашата дневна, или во Вашата спална соба; во крајна линија, отпорноста на надворешни влијанија гарантира безбедно позиционирање дури и на Вашата тераса. Всушност, таа е совршена за секој агол од Вашиот дом кој Вам Ви изгледа прикладен за уживање со книгите. Достапен во стандардна ширина и неочекуван конфорт, со особен белег на ротациони полици, кои покрај тоа што ќе ги содржат Вашите книги, може да послужат и за понатамошно декорирање со CDа, рамки со слики од најмилите, ароматични свеќи или се она што Ви е потребно за да уживате во читањето.

Па, препуштете се на оваа оаза:

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГосподин Среќен
Следна објаваУметност врз пена од кафе
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР