Можеби го знаете Големиот корален гребен кој се протега речиси 2900 км од Нова Гвинеја до Австралија. На една туристичка тура еден од посетителите го прашал водачот:

„Од страната кај лагуната, гребенот изгледа матно и безживотно, додека од страната кај океанот изгледа многу витално и живописно. Зошто е тоа така?!“

Водачот дал интересен одговор:

„Коралот кој се наоѓа околу лагуната е во мирна вода, нема предизвик за да преживее. Умира рано. Коралот од страната на океанот, постојано е предизвикуван од ветерот, брановите и силните струи од невремето. Мора секојдневно да се бори за сопствениот живот. Со постојаните предизвици, се менува и се прилагодува. Расте здраво. Расте силно. Постојано се обновува…“

На крајот тој додал:

„Истото се случува со секој жив организам!“

Така е и со луѓето. Низ предизвиците – живееме. Како корал толчен од морето – растеме. Физичките предизвици прават да бидеме посилни. Менталниот и емоционалниот стрес го засилуваат умот и отпорноста. Духовните предизвици ги засилуваат вербата и карактерот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР