9Емотивната сметка на една млада девојка во Индија, чие тело е принудно ставено на продажба без оглед на нејзините 13 години, принудно вовлечена во трговијата со бело робје и дава особен белег и милионски рејтинг од аспект на бестселер на авторката Патриша МекКормик.

Напишана во слободен стил чија инспирација авторката ја пронаоѓа директно во маргините на Индија и Непал, патувајќи и интервјуирајќи ги заробените во громорозниот систем на сексуално ропство, за да создаде една маркантна драма опишувајќи го животот во бордел, опишувајќи го животот на малата Лакшми.

По смртта на мајката на Лакшми по пат на неочекувана бура која не го заобиколува нејзиниот дом и притоа ги уништува семејствата, културата, животот; нејзиниот очув налага таа да ја напушти куќата и да придонесе за издршка на семејството. Ја запознава со еден гламурозен странец, (не)случајно затекнат во Непал чие ветување дека ќе ја вработи како слугинка кај една богата фамилија во градот, Лакшми со задоволство го прифаќа. Таа се обврзува на долго патување кон Индија, исполнета со надеж и убедена дека прави добро за сопственото семејство, за да ја дознае незамисливата вистина: таа е продадена на ланец со проституција. Мумтаз, стара и ужасна жена која владее со борделот и кажува на Лакшми дека нејзиното ропство ќе трае се додека не го исплати долгот на своето семејство, при што калкулациите на Лашми ја водат кон сознание дека тоа ќе биде засекогаш, со оглед на нивните слаби приходи. Замислениот живот во среќа и општествена корист на младата девојка се метаморфозира во кошмар – заробена во клаустофобична сиромаштија и нечистотија, таа успева да преживее психички и покрај физичката болка и срам единствено преку зборовите на мајка си… „едноставноста да издржиш се состои од тоа да триумфираш“, при што Лакшми застанува на нозе и постепено гради пријателства со други девојки кои ја делат нејзината судбина и така таа умешно опстојува во тој нечист свет. Апсолутно незамисливо и вонтелесно, зачудувачка е нејзината непокорлива волја да успее и да се избави од пеколот во кој беше втурната…

„Продадена“ стои како жалосен, но реален моменумент на случувањата кои не би требало да се дел од општествата на 21 век, во општествата каде системот на човекови права и вредности го достигнува својот апсолутен сјај, како ужасна противтежа на оние општества кои ја искусуваат неговата беда – Лакшми е репрезент на оние вторите, чија верба и издржливост ќе пружат исмевање на оние првите!

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ