Интерактивно и мотивационо видео со потпис на Лејн Смит, чиј субверзивен пресврт со наслов „Тоа е книга“ претставува едноставен, а впечатлив манифест во име на печатените книги во дигиталната ера. Оваа мини приказна која без сомнение ќе Ви се прилепи на срцето е совршена сликовница со која ќе се согласат сите читатели ширум светот, независно возраст, независно преференции.

Поуката од ова видео не е осуда на е-читањето, туку цели кон севкупноста на уживањето во вистинска книга: вртењето страници, цврстата самодоволност, мирисот на хартијата и пред се, начинот на кој потонувањето во имагинарната димензија се интерпретира… Оценета со „дизајн достоен на стил“ од Вол Стрит Журнал, Смит нуди иронична почит на печатениот збор во време на е-читателите и несфатеноста на „старите“ и автентични респектори на класичното посветување на книгите.

СПОДЕЛИ
Претходна објава25 Фотографии со животни уловени во вистинскиот момент
Следна објаваСитници кои љубов значат
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР