Секој турист кој планира одмор во Тајланд, со сигурност треба да го посети главниот град Бангкок. На светската туристичка мапа, овој 12 милионски град се издвојува по културата, религијата, храната и фестивалите. Најголемите сведоци на големото културно наследство се многубројните храмови и музеи. Будизмот е силно навлезен во секој аспект од животот. Поголемиот дел од населението се припадници на Hinayana Будизмот и Theravada Будизмот. Длабоката почит кои ја уживаат Будистичките свештеници е одраз на големата религиска преданост на Тајланганите. Најзначајните прослави во Бангкок се Кинеската Нова Година и Songkran – фестивалот на гаѓање со вода.

Тајландската кујна се повеќе врши влијание во западниот свет благодарение на необичните локални зачини и вкусови. Pad Thai, Tom Yum Goong и Kai Med Ma Muang се тајландските специјалитети кои треба да ги пробате по улиците на Бангкок. Во однос на времето, овде температурата е висока во текот на целата година, а најтопло е за време на летото. Од ноември до февруари е период кога цените на производите и услугите се пониски. Срцето на градот е Grand Palace и Wat Prakeaw. Прекрасно архитектонско здание со многу комплексни детали. Изграден е во 1785 година и 150 години бил седиште на Тајландскиот Крал, Кралскиот Суд, Владата, државните служби а и место каде што се изработувале парите. Денес, овој комплекс претставува духовен центар. Останатите атракции на овој град се: Кинескиот кварт (Yaowarat), Пазарот на вода (Damonen Saduak), Храмот на Зората (Wat Arun), Реката Chao Praya, Викенд пазарот Chatuchak, Улицата Khao San, Стариот Град, ноќниот живот во Каубоецот Сои, куќата на Jim Thompson.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР