Многу одамна, во едно малечко далечно село постоела куќа во која биле сместени 1000 огледала. Едно куче, ситно по раст, но апсолутно хиперактивно и среќно, ја забележало куќата и одлучило да ја посети. Пристигнувајќи, се упатило весело нагоре по скалите кои воделе до широката тераса – без да обрне внимание на широко отворената врата на соседната соба.
Со високо кренати уши и исправена опашка како знак на добро расположение ненадејно се нашло во големата соба до терасата… бркајќи ја сопствената опашка со средна брзина, погледот му застанал на 1000 други среќни кучиња кои, исто така, си ја бркаат опашката. Насмевката на неговото лице била неизбежна и широка – а на истата, 1000 кучиња му одговориле со насмевка еднакво широка, топла и пријателска. На радоста, никогаш крај. Како што кучето ја напушташе куќата, во себе си помисли „Ова е прекрасно место. Би требало почесто да навраќам тука. Повторно ќе го посетам наскоро“.

Во истото тоа село, уште едно малечко куче, не така среќно и задоволно како првото, понеговиот пример решило да намине во куќата – полека качувајќи се по скалите, со наведнат поглед кон подот, упати поглед кон отворената врата. Полека и несигурно чекорејќи во тој правец, застана пред вратата и се колебаше… Сепак влезе и таму го дочекаа 1000 непријателски настроени кучиња, од чии очи се читаше тага и незадоволство. Отфрленост и бездомништво. Тој за’ржа во обид на самоодбрана, а на тоа му беше возвратено со 1000-кратно насилство и 1000 пара кучешки заби. Брзајќи што побрзо да ја напушти куќата, избезумено и исплашено до коска, си вети само на себе „Ова е ужасно место, јас никогаш повеќе нема да стапнам овде“.

Поука:
Сите лица во светот се огледала – тие само го одразуваат она што го гледаат.
Нашиот живот, во суштина, е само одраз на нашите мисли и дејствија.
Каков вид на одраз предизвикувате Вие во луѓето што ги среќавате секој ден?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVolvo XC70 | Произведено во Шведска
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ