181_25_50_14__5__7_2012moktaПостои само еден процес на исцелување и се нарекува вера. Постои само една исцелителна моќ и се нарекува потсвесен ум.

Трпеливо и едноставно: д-р Марфи дава пример по пример за тоа како луѓето го користат потенцијалот на сопствениот ум за да си ги решат проблемите, за да ги исцелат навидум неизлечливите болести и да се стекнат со успех за кој порано можеле да си го дозволат единствено луксузот да сонуваат за него. Самиот автор го користи овој метод во својата младост за да ја излечи болеста на кожата и прикажува извесни резултати од сопствената психолошка терапија. „Побарајте леб и не ќе добиете камен“, вели Марфи. Тој ја поседува најмоќната техника за да раководи со потсвеста, која несебично ја споделува со читателите преку тежината на овие страници – како да се размислува, зошто да се размислува, како да профукционира мислата. Ова е најприменливата тајна доколку сакате да го осознаете животот. И да го земете во сопствените раце. „Големите и благородни мисли вообичаено оживуваат во големи дела“, поттикнува тој.

Недвосмислената цел на одговарање и разјаснување на низата животни прашања кои го осудуваат човека на психички пропаст е главната мотивациона логика на Џозеф Марфи. Тој настојува да ги обелодени основните вистини на човековиот ум на наједноставен можен начин – тој верува дека е перфектно остварливо да се објаснат основните закони на животот и основните закони на умот преку најобичен секојдневен јазик, како што и во суштина, тој применува во својата книга, прирачник-темелник на однесување и размислување. Тој повикува на својата книга, истата да служи за учење и примена на наведените техники и ветува дека доколку се човек се потпре на истите, ќе се избави од конфузија, мизерија, меланхолија и сличните форми на ужаси за на крајот да стигне до вистинската цел: ослободување од емоционално и физичко ропство на патот кон слободата, среќата и мир на умот. „Правилното живеење означува успех – кога сте спокојни, среќни и исполнети, кога го правите она што сакате да го правите, тогаш сте целосно успешни“, каде притоа човек се запознава со внатрешната моќ и тргнува во насока на нејзино користење во реалноста – „среќата е жетва на тивкиот ум. Втемелувањето расмисли за мир, спокојство, безбедност и вера водат кон умствена продуктивност за срека.

Бидете ментален инженер и користите испробани и докажани техники во изградбата на пограндиозен и посуштествен живот.

Може да ја користите Вашата потсвест за да ги привлечете луѓето околу себе, за да ја добиете помошта која Ви е потребна или да создадете услови за себеси: можностите се неограничени, исто како што и Вашата потсвест е неограничена. И бесконечна: тоа е врвна интелигенција која се преточува во командна активност! „Навиките се во функција на потсвеста; нема поголем доказ за чудесната моќ на потсвеста од силината на влијанието врз навиките во животот. Затоа што човекот е токму суштество на навики.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваŠkoda superb combi| Комбе само за „шик“ семејства
Следна објаваСтаро Скопје | Гого Ивановски
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ