Фендер стратокастер, често нарекувана „Страт“, е модел на електрична гитара дизајнирана од Лео Фендер, Џорџ Фулертон и Фреди Таварес во 1954 година и произведувана од Fender Musical Instruments Corporation до денес.

Тоа е двојно засечена гитара (double- cutaway guitar – гитара која овозможува полесен пристап до горните стапала) со продолжен преден дел, за рамнотежа при стоење. Многу познати гитаристи имаат користено стратокастер и може да се слушне на многу историски снимки. Заедно со Gibson Les Paul, Gibson SG и Fender Telecaster, таа е една од најпознатите и најиздржливи модели на гитари во светот. Дизајнот на стратокастерот го надминал музичкото поле за да се рангира во дизајните на класичната индустрија на сите времиња; многу примероци се изложени во поголемите музеи низ целиот свет.

Во оригиналната форма, стратокастерот го имало во во две нијанси како орнамент на тврд труп со длабоки контури, врат од јаворово дрво со 21 стапало, со вметнати црни точки и штимери Клусон, се` до 1975 година, кога Фендер почнал да произведува трупови изработени од цврста јасика. Исто така, постоел сет од достапни бои кои не биле стандардизирани до 1960 година. Овие бои од автомобилски лакери правени од Дупонт и можеле да се добијат за доплата од 5%. Еден фурнир, штитник со 8 навртки, бил уникатен концепт кој овозможувал да се вградат сите електронски компоненти на гитарата на една површина која лесно може да се отстрани. Наредните дизајни на Стратокастер (и од Фендер и од други имитирачки компании) можеби се подобриле во корисност и звук но, старомодните модели на Фендер сѐ уште вредат многу пари и многумина го преферираат звукот на постарите модели.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР