Невеста во Борџии – Џин Калогридис

765Асоцијативно и апсолутно оправдано, првата помисла на семејството Борџија и нивната партиципација во светиот Ватикан, е ни помалку ни повеќе, интригантната драма исполнета со крв, заговор, разврат и скандалозно водење на политиката на Светиот татко, папата Александар VI, предходно познат како Родриго Борџија – татко на 4 нелегитимни деца кои му служат во својство на решавање на најделикатните политички прашања што го засегаат интегритетот на Светата Столица. Овој роман ја перцепира инволвираноста на принцезата Санча од Арагон во семејството Борџија, како невеста на најмалиот син, 13 годишниот Џофри.

Навикната на каприциозен третман на принцеза, со своите 15 години не одговара за брак со свеж адолесцент; иако тој е дел од скандалозните Борџии, Санча ја прифаќа венчавката поради својот татко, најозогласениот владетел познат на овие простори, кралот на Неапол, со цел да допринесе за интересот на нивната власт. Брачниот живот на двајцата млади аристократи се одвива на имотот на Санча, во Склулачи; кој се премостува во Рим откако папата дознава за невидената италијанска убавина на новата снаа и ги кани младенците да живеат со него и со останатите членови на семејството: безобразно прекрасниот кардинал Чезаре, своеглавиот војсководец на папските сили со својата сопруга и ангелски убавата Лукреција, миленичето на папата, која штотуку претрпе развод од лордот Сфорца. Санча не може да си помогне да одолее на шармот на Чезаре, забранетото овошје; кој се чини дека не подлегнува на својата света вокација и не е божји пратеник како што се претставува во Кардиналскиот збор… оваа евидентна страст прераснува во афера, афера која придонесува Лукреција да доживее афект на анксиозност и да се открие дека самата е љубовница на својот брат и својот татко! На скандалите, никогаш крај. Поттикот за војна и застапување единствено на државните интереси ќе го одведат ова семејство во пропаст. А, по сите изгледи, се чини дека единствено Санча може да го спаси Ватикан од апокалипса… Калогридис игра на карта каде опојната мешавина на кралската моќ испливува пред семејната драма без да и даде приоритет на вредноста и светоста на истите тие семејни врски.

Фатена како плен во пајаковата мрежа на сексуални интриги, заговорни цели и примат на интересот, Санча се потпира на сопствената храброст и интелегенција за да ги надмудри Борџиите во нивната сопствена игра: сликовитото испреплетување на историските детали со извесна книжевна фикција и стилско надополнување на скандалот, „Невеста во Борџии“ изобилува со моќен набој на емоции кои ќе ве исполнат од крајност до крајност – како со згрозување, така со восхит. Од сексуална страст до смртна опасност, драматичниот третан на маркантниот историски настан засекогаш ќе го измени Ватикан во очите на читателот.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФантастични ултрамодерни фустани!
Следна објаваЛетна улична мода
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ