Уште од мали нозе го имаме понесено споменот на безгрижното детство и заспивањето со приказна: некои од нас тоа го искусиле преку вниманието од родителите, читајќи бајка се додека не заспиеме и успокојувајќи не со бакнеж да не чува во сонот; додека некои од нас, истата приказна ја доживеале преку видео/ДВД рекордерот, исто така во друштво на родителите. Едно е сигурно, сите сме уживале во приказните на браќата Грим.

Иако преработени и приспособени за невината душа на едно дете, секоја една од нив носи извесна поука – истото, не е заобиколено и со оригиналните верзии кои креативниот илустратор Андреас Крапф успеал да ги овековечи во својата дипломска работа на својот универзитет во Германија. Неговата книга посветена на славните браќа содржи 17 илустрации на најпознатите бајки, со суров ефект и нецензуиран текст. Ние Ви претставуваме поголем дел од нив, во надеж дека ќе ги препознаете, имајќи го во предвид нивниот безвременски карактер.
Како и да е, неговото дело претставува интересна комбинација на хорор-хумористични прикази на познатите приказни, што ја прави оваа книга единствена и фанстастична.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Инсект на тркачки мотор
Следна објаваПапокот на светот – Венко Андоновски
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР