Среќен е тој што умее да сака – Херман Хесе

4d62d6b0a6f36Отсекогаш сум верувал, и сеуште верувам: дека она што го нарекуваме добра или лоша среќа секогаш може да даде значење на нашиот живот ако умееме да ја трансфомираме и да и дадеме вредност. Таква категорија е љубовта“, вели Хесе во својата антологиска збирка на различни литературни видови – почнувајќи од прозни раскази, поетични величања на љубовта, извадоци од неговите публикувани дела, како и негови најмаркатни цитати. Се’ во името на оваа трансформирачка моќ на уникатното чувство кое се шири како причинско-последична зараза на која никој не е имун.

Понесен од основната идеја да ја изнесе суштината на оваа емоција, како жариште на животот, како тежиште на светот: во оваа насока, тој ќе рече „како тело, луѓето може да се без пар, но како душа – никогаш“, со што се оправдуваат и оние наслови чиј крај не доживува апсолутна среќа или надеж за истата во оваа ретка и исклучителна збирка. Тој цели на тоа дека „среќата е одговор на прашањето *како*, а не на *што*, затоа што таа е талент, а не предмет“ и дека „ако човек спознае што е љубов, тоа е поради спознавањето на вонтелесниот, друг дел од себе“; при што се пружа едно интересно и отсекогаш познато откровение… љубовта не е цел сама по себе, таа е самиот пат до целта, вечната потрага по целта, трудот и напорот кои водат до таа цел… жртвувањето, простувањето, споделувањето… комплексноста на одговорот на гореспоменатото прашање „како?“. Реално или фиктивно, сите сме носители и сите сме очевидци на најголемиот благослов и најголемото проклетство истовремено: способноста да љубиме. Не постои човек кој не потклекнува на врховноста на оваа појава – ретроспективно не постоел и евидентно ниту ќе постои. Бидејќи таа е единственото нешто што го сепарира човекот од ѕверовите, човекот перцепиран како homo sperans, односно битие кое се надева. Битие кое умее да сака.

Без концепт, без писмена форма и без книги нема да има историја, нема да има концепт на човештвото“ – а како поубаво истото би се дефинирало на начинот на кој Хесе ја илустрира љубовта, како потекло на среќата? Среќен е тој што умее да сака, навистина е…

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќи што пловат
Следна објаваЖелезно ковано дрво како „прекршок“ во архитектурата
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ