4 (1)

Кога би можела да живеам повторно,

Би зборувала помалку, но би слушала повеќе што ми зборуваат оние кои ми значат.
Постојано би канела пријатели на вечера, иако после нив тепихот е извалкан.
Би јадела пуканки насекаде низ куќата и би се грижела помалку за нередот во кујната.
Би нашла време да го слушам мојот дедо како раскажува за неговата младост.
Не би инсистирала да се затвори прозорецот од колата на летен ден, само затоа што ветерот ми ја расипува фризурата.
Би ја запалила убавата розова свеќа во форма на роза и би дозвoлила да се истопи, пред таа да го изгуби сјајот.
Би му помагала повеќе на мојот сопруг околу неговите обврски.
Би си дозволила одмор секогаш кога не се чувствувам добро и не би мислела дека ако ме нема неколку дена, мојата компанија ќе пропадне.
Би си купила нешто што вистински ми се допаѓа и не би очекувала дека тоа ќе трае вечно.
Наместо да чекам мојата бременост да помине што побрзо, би се радувала и би го ценела секој миг додека малото чудо расте во мене.
Кога моите деца ќе посакаат да ме бакнат, не би им рекла: “Подоцна, сега спремете се за вечера.“
Би имало повеќе “Те сакам“ и “Прости ми“…
Не би ги земала “здраво за готово“ луѓето кои ме сакаат, напротив би им возвратила многу повеќе… зашто никогаш не знаете кога може да си заминат.

Кога само би можела да живеам повторнo…. би ја дишела секоја минута со полни грaди, вистински би се радувала што сум овде…. би живеела, би живеела …. и никогаш не би се откажувала.

* Автор:  Erma Bombeck 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУлична уметност со тантела
Следна објаваПромоција на книга на Ана Јовковска во Штип
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ