Оригинална идеја на дизајн студиото Raw Edges, кое се одликува со интелигентно и несекојдневно портфолио: полици кои го носат името Дупка во подот, т.е серија на генијално еко-преработено дрво во форма на полици за книги. Како што насловот имплицира, врз основа на идејата да се создаде нешто необично и уникатно, овие полици буквално завршуваат неочекувано врз подот, при што се добива впечаток дека самата полица продолжува дури и под подната површина.

Вертикално исечени и уникатно изработени, не само што оригиналноста добива на цена, туку се дава акцент на едноставноста и елеганцијата на самиот проект.
Полиците доаѓаат во различни големини и може да се инкорпорираат во секаков стил на уредување.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Непристојна принцеза?
Следна објаваКаде е верверичката?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР