196_17_54_14__28__3_2013zlostorТајната на човековиот живот не е само да се живее, туку зошто да се живее.

Oд белешките на авторот, евидентно е дека постоело извесно колебање во врска со образложението на злосторството: дали добрата цел ги оправдува средствата? Со непланираното двојно убиство, Раскољников, вечниот студент по право, градативно навлегува во сопствен свет на делириум, чиј единствен бенефит е грижата на совест, во своја еволутивна фаза. Главниот анти-херој е во судир со светот – судир со другите независни ликови и судир со себе. Ниеден од овие ликови не го претставува гледиштето на авторот, иако секој од нив дава свој суд за громорозниот акт. Тоа само му пружа една полифонична стуктура на романот.

Со ефекти на хроника, социјала, криминал, трагедија, филозофија и психологија, Достоевски ќе рече: „Сиромаштијата не е порок, порок е бедата“, обидувајќи се да даде доза надеж за младиот Раскољников. Според некого, уште еден злосторник кој се приклучува кон групата отпадници во светот; за некого, уште една изгубена душа понесена од глупоста, во состојба на каење и преколнување на мизерната финанскиска состојба. Со примеси на пресликување на суштината на ликот на Раскољников со ликот на Исус Христос, но во мошне човечка и смртна форма – обајцата доаѓаат од провинција во град, обајцата се непосредно соочени со суровата реалност и прават добри дела во насока да го намалат тој терор. Додека Исус се жртвува за другите, Раскољников ја убива бабата за да ги спаси своите колеги од зависноста од лихварството. Исус умира за туѓите гревови, додека Раскољников ја добива својата казна. Оди во затвор, надевајќи се дека тоа ќе му ги скрати маките и ќе го возобнови неговиот морал. Но, во овој случај, воскресението е застапено во вербата на една грешна жена и како нејзината љубов успева да го избави од неговото најголемо злосторство. Љубов помеѓу проститутка и убиец? „Да сакаш некого значи да го гледаш така како што го створил Бог“ – гревовите, страданието… не се дело на ѓаволот, туку на општеството. На извитоперениот систем. Ѓаволот не постои, тој е само невидлива проекција на човековиот портрет.

Крстот на страданието треба да го носиш на себе и со него да се искупиш.“ Психичкиот немир и себе-измачување говорат и докажуваат за закржлавената и длабока тежина на неговата императивна, но искрена душа; асоцијацијата на „Грев и искупување“ е повеќе од воочлива.. и покрај фактот дека бабата е сосема небитна за овој свет, кој е тој за да суди кој треба, а кој не треба да живее? Со признавањето на актот вреден за згрозување, тој постигнува мир на сопствената совест.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦрвен(кап)а
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (01.06 – 07.06)
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ