Појадок кај Тифани – Труман Капоти

328_31_15_11__10__3_201310.jpgВториот циклус на пишување на Капоти, чија слава го доживеа своето издигнување доста пред ликот на Холи Голајтли, не успева да ги опфати негативните критики на големата јавност и покрај својата карактерна аномалија која, во суштина, не цели да биде суптилна – наспроти тоа, овој роман се дочекува со широко отворени раце и отворен ум за да се восприеме и истакне култниот женски лик кој не може да биде заборавен или да намали на своето влијание речиси половина век од 1958. Лик кој совршено е отелотворен во класика, високи потпетици, перли и висок кок.

Генерално гледано, можноста да не развлекуваат настаните е особено искористена, бидејќи романот брои 160 страници чие дејство се одликува со транспарентност, свежина и возбудлив поглед на тоа како може две човечки суштества да се поврзат меѓусебно. „Јас никогаш не се навикнувам на ништо. Оној кој константно се адаптира, е еднакво добар како мртов“ – Холи Голајтли, поранешна актерка и ѕвезда на општеството е во потрага по местото кое и припаѓа: низ животот минува лесно, но тоа не значи дека изгледот може да ја предаде нејзината ефтина душа… нејзиното разбирање и несебична емпатија кон луѓето и животните го илустрираат јадрото на нејзината душа. Категорија која несомнено допира длабоко до читателот. Дециден оптимист во погледот кон животот, вечен мотиватор кон подобро; но, и свесен карактер за да сфати дека не припаѓа во одредена околина – за сметка на тоа, дури и во моментите кога напушта некого, остава спомени за да го греат во студените ноќи. Спомен кој ја грее широката литературна и филмска публика, спомен на Холи, Холи која знае дека само убави работи може да се однесуваат на Tiffany&Co. Холи која ве осипува со духовитост, наивност и шарм. И се тоа на еден заводнички трогателен начин. Холи која го празнува благословот да се живее и да се живее со максимална брзина; но не гази низ истиот лесно. „Подобро е да гледаш кон небото отколку да живееш таму горе. Толку празно место, толку нејасно. Во погледот само земја и таргет каде громот треба да удри“. Магична приказна чиј наратор е иманентен и еднакво главен лик покрај автентичната Холи, приказна чија суштина е една краткорочна хронологија на нивното едногодишно, но истовремено длабоко емоционално пријателство.

Делејќи ја филозофијата на Капоти, нејзиниот лик во голема мера наликува на нејзиниот творец – таа ги дели неговите ставови, стравови, охрабрувања и вознемирености. Еден од бројните примери се честите панични напади на Холи, која како и Капоти, ги нарекува „злобни црвени“. „Одговорот е: добри работи може да Ви се случат само ако сте добри. Добри? Искрени е повеќе од она што сакам да го кажам… да бидете се освен кукавица, претендент, емоционална кучка, бесчувствителна заводничка. Преферирам да би имала рак, отколку нечесно срце“ – став кој ретко се среќава во денешни услови на модерна и флексибилна филозофија околу концепирање на животот. Да живее Холи Голајтли!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа една сосема поинаква приказна во “Ziferblat”
Следна објаваНаправи сам | Книги во повез од лен
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ